Тамир Блат сигурно ќе биде „непријател број 1“ на навивачите на Макаби откако израелскиот плејмејкер ги разочара приврзаниците на најтрофејниот израелски клуб – со трансфер кај лутиот ривал Хапоел.
Макаби гради силен тим за наредната сезона и се очекуваше Блат сигурно да остане, но плејмејкерот ја одби понудата од 900.000 евра годишна плата оценувајќи ја како недоволна за да се осигура неговиот потпис.
Целата ситуација ја искористија челниците на Хапоел, кои му понудија двогодишен договор за 1,6 милиони евра по сезона, по што Блат експресно кажа ДА и прифати да се приклучи на тимот на Димитрис Итудис.
Тамир Блат минатата сезона имаше просек од 7,1 поени и 5,2 аситенции за просечни 19,4 минути игра колку што настапуваше на натпреварите на Макаби во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
