Големо признание за најдобрата македонска судијка Ема Никочевиќ која доби доверба да го суди финалето на Европското првенство Б-дивизија за кадетки кое денеска од 17 часот се игра во Пјештани во Словачка.
Во финалето на шампионатот кое ќе претставува битка за влез во А-дивизијата ќе се соочат Белгија и Шведска.
Никочевиќ, за која ова е прво европско финале во кариерата, ќе биде од судиската тројка во финалето, заедно со Сузана Вујичиќ од Црна Гора и Иван Илиев од Бугарија.
Претходно како што е познато, уште еден македонски судија ова лето судеше финале. Зоран Митровски го судеше финалето на Европското првенств Б-дивизија за кошаркари до 20 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
