Големо признание: Галевски е голман со најмногу одбрани во колото од Европската лига на ЕХФ

Иван Галевски си обезбеди место меѓу играчите со најдобри бројки во шестото коло од групната фаза на Европската лига на ЕХФ, по фантастичниот настап што голманот на Алкалоид го имаше во големата победа над Ла Риоха.

Галевски го заврши мечот со 17 интервенции, со што е голман со најмногу одбрани ова коло, рамо до рамо со неговиот ривал од спротивната страна, Криштоф Паласич кој исто така имаше 17 одбрани на мечот Алкалоид – Ла Риоха.

Ветеранот Анди Шмит е најдобар асистент во ова коло со дури 12 проигрувања за гол, најдобар процент на одбрани има Киреев од Фуксе Берлин (53%), додека Аугуст Педерсен од Фленсбург е најдобар стрелец на оваа последна рунда од групната фаза од Европската лига, со 13 постигнати погодоци на дуелот со Ловќен.

Се вчитува...