Големо засилување: Хајдук го врати Никола Калиниќ

Хајдук добива уште еден сериозен адут во трката за титулата со Динамо Загреб откако сплитскиот клуб постигна договор за да го врати во тимот Никола Калиниќ.

Искусниот голгетер потпиша лани за сплитскиот фудбалски колектив, одлично ја почна авантурата, но потоа влезе во серија проблеми со повреди. Доаѓањето на новиот тренер Леко значеше и конфликт со Калиниќ и негово отстранување од тимот, но откако Леко доби отказк, новиот тренер Мислав Кароглан реши да го врати големиот ас назад на „Пољуд“.

„Се видовме со Калиниќ и имавме искрен разговор. Самиот призна дека му потребаат подготовки пред да почнат вистинските подготовки. Кога ќе дојде време за тренинзи со топка, ќе видиме колку е навистина „фит“. Јас не гледам ниту една причина зошто би немале играч како Калиниќ во тимот, тој апсолутно може да ни биде од помош. Од 3 јануари ќе почне да тренира со екипата, по што ќе видиме дали и колку ќе треба дополнително да се работи за да влезе во топ-форма. Можам да кажам дека Никола е сосема реален човек, кој сака да има здрав однос. Кога се има нормална комуникација се е полесно, а секако јас сум тренерот и на крајот јас одлучувам дали и колку тој ќе игра на секој натпревар“, изјави Кароглан.

Хајдук е есенски шампион во хрватското првенство со 41 бод, пред Ријека со 35 и Динамо Загреб со 34 бода, но и два меча помалку во однос на „сплитските били“.

Се вчитува...