Големото срце на Богдановиќ – Донираше 50.000 долари на родниот Мостар

Пандемијата од коронавирусот ја погоди и Босна и Херцеговина. Хрватскиот репрезентативец и член на Јута Џез Бојан Богдановиќ кој е роден во Мостар одлучи да му помогне на својот роден град со 50.000 долари во борбата со Ковид-19.

Тој оваа сума на пари ја донираше на Универзитетската клиничка болница во Мостар како би можеле да се набават нови респиратори. Од клиниката му се заблагодарија на асот на Јута Џез на големата помош која ќе помогне во борбата со тешката болест.

Се вчитува...