Големото засилување на Црвена Звезда се посрамоти за сите пари (видео)

Шериф Ендаје требаше да биде големо засилување за нападот на Црвена Звезда откако пред петнаесетина дена потпиша од турскиот прволигаш Адана. Сепак, тој се посрамоти за сите пари на денешното готување против Чукарички, промашувајќи ја можеби и најлесната шанса што ја имаше во кариерата.

Иваниќ одлично украде топка, излезе очи в очи со голманот, а потоа несебично проигра десно до осамиоет Ендаје, кој пред себе ја имаше само празната мрежа. Сепак, наместо рутинска реализација гостинскиот голгетер неразбирливо „киксна“ и шансата отиде во неврат…

Погледнете го ова неверојатно промашување…

Се вчитува...