Голф – шоу донесе 20 милиони долари: Вудс и Менинг ги преслушаа Брејди и Микелсон

Тајгер Вудс и Пејтон Менинг ги победија Том Брејди и Фил Микелсон во хуманитарниот голф меч од кој беа собрани огромни 20 милиони долари кои ќе одат во фондот за борба против корнавирусот.

„Им симнувам капа на Том и на Пејтон. Ова е наш терен, ние живееме од ова, не можам ниту да замислам ние да излеземе на нивниот терен и да бидеме добри како што беа тие“ – рече по настанот Тајгер Вудс.

Хуманитарниот меч меѓу четирите мегаѕвезди на амерканскиот спорт се одигра на „Medalist Golf Club in Florida“, домашниот терен на Вудс, а поради мерките за заштита од коронавирусот, на теренот немаше вообичаените помошници кои ги носат торбите за палки, а играчите и сами си ги возеа голф-количките. Коментатор на мечот беше НБА легендата, Чарлс Баркли.

 

 

 

 

 

Се вчитува...