Голманите на дневен ред пред Шпанија и Исланд

mec baner

Голманите беа една од послабите алки во играта на македонската репрезентација на дуелот со Словенија. Само две одбрани во првото полуврме и четири во второто, сите на Благојче Трајковски се премалку за да се добие натпревар за осминафинале на СП, против репрезентација како Словенија. Селекторот Лино Червар за оваа статистика, вината ја префрли на квалитетот на противникот. Засега не размислува за промена на голманската позиција иако на трибините во резерва го има многу поискусниот Никола Митревски.

„Не би сакал сега прерано да донесам конкретна одлука на оваа тема. Треба добро да размислиме дали треба да ги менуваме голманите. Словенија даде многу голови, но мора да се истакне дека поголем дел од нив беа од линијата на шест метри или од крила каде оваа репрезентација има играчи кои знаат рутински да реализираат. Се согласувам, нашите голмани требаше да имаат повеќе одбрани, но не би говорел ништо поконкретно додека не се направи подетална анализа“ – нагласи Лино Червар.

Се вчитува...