Голманот Ангелети си замина од Струга

Раководството на Струга ТЛ потврди уште едно заминување од редовите на поранешниот шампион откако стружани се збогуваа од голманот Марко Ангелети.

Италијанскиот голман пристигна во Струга минатото лето и беше стандарден на голот, не примајќи погодок на 15 меча од вкупно 29-те на кои ја бранеше мрежата на овој клуб.

Тој имаше договор со Струга ТЛ на уште една сезона, но двете страни сепак се договорија за предвремен прекин на соработката со голманот кој пристигна од ФЦ Европа од Гибралтар.

Се вчитува...