Голманот на Ајнтрахт Франкфурт го одби Манчестер Јунајтед

Голманот на Ајнтрахт Франкфурт Кевин Трап, ја одби понудата од Манчестер Јунајтед. Репрезентативниот чувар на мрежата кој во минатото беше дел од ПСЖ, на својот „Инстаграм“ профил објави дека имал понуда, но дека останува верен на Ајнтрахт.

Желбата на Тен Хаг беше Трап да биде резервна варијанта за Де Хеа, откако Дин Хендерсон беше испратен на позајмица во Нотингем Форест. Но, добија „корпа“ и од Германецот.

„Добив писмена понуда од Манчестер Јунајтед. Тоа е светски клуб, но вчера ги информирав двата клуба дека одбрав да останам во Ајнтрахт. Преживеавме незаборавни моменти во Франкфурт, и заедно испишавме историја. Стартот на сезоната беше тежок, но имам верба во овој тим“, напиша Трап.

Откако пропадна можноста да биде ангажиран Трап, сега Јунајтед ќе се сврти кон ангажман на Мартин Дубравка од Њукасл.

Се вчитува...