Голманот на Барселона мора на операција, паузира месец и пол

Голманот на Барселона, Жоан Гарсија, претрпе скинат медијален менискус на левото колено. Артроскопската операција е закажана за утре, а тој ќе отсуствува од четири до шест недели.

Гарсија стана прв голман веднаш по неговото доаѓање од Еспањол, истиснувајќи ги од првиот тим Андре тер Штеген и Војчех Шчесни.

Претходно беше објавено дека крилниот фудбалер Рафиња ќе паузира од терените околу три недели.

Се вчитува...