Пропаднатиот трансфер на Зион Сузуки од Парма во ПСЖ донесе до промена на плановите на неколку клубови во врска со голманската позиција, па последните информации говорат дека Јапонецот ќе заврши во Астон Вила, што ќе го забрза и заминувањето на Емилијано Мартинез од „Вила Парк“.
Имено, отккажаниот трансфер на Сузуки во ПСЖ се должи токму на денешниот интензивен интерес на освојувачот на Лигата на Европа за овој голман. Самиот Сузуки претпочитал преселба во Премиер-лигата за веднаш да брани за Астон Вила, наместо да оди во ПСЖ и да биде испратен на позајмица на најмалку една година.
Вила ја израмнила понудата на францускиот тим од 35 милиони евра, нудејќи и поголема провизија на менаџерот, што придонесе преговорите да се одолговлечат и ПСЖ на крајот да се откаже од намерата да го доведе јапонскиот голман на „Паркот на принцовите“.
Англиските медиуми јавуваат дека се во завршна фаза преговорите меѓу Сузуки и Астон Вила, а доколку овој трансфер се реализира ќе биде даде зелено светло Емилијано Мартинез да се пресели во Јувентус. Вила инсистираше на отштета од 10 милиони евра, но премиерлигашот од Бирмингем е подготвен значително да ја намали оваа сума за да ја исполни желбата на Аргентинецот да се пресели на голот на најтрофејниот италијански клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
