Голот на Михајловиќ кој секој навивач на Црвена Звезда ќе го помни засекогаш (ВИДЕО)

За жал, најцрните сценарија се остварија, па Михајловиќ денеска почина во клиника во Италија на 53-годишна возраст.

Синиша Михајловиќ веројатно беше еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во историјата на фудбалот. Тој имаше голем број прекрасни голови, но еден веројатно ќе остане забележан како најважниот во неговата кариера.

Тој во 1990 година стигна во клубот од Белград за тогаш рекордни еден милион марки, како големо засилување во нападот на титулата во тогашниот Куп на шампиони. Откако „црвено-белите“ славеа на гостувањето кај Баерн Минхен со 1-2 во првиот меч од полуфиналето, Михајловиќ со гол од слободен удар донесе водство од 1-0 на „Маракана“ во реваншот. Иако Германците се вратија во игра и направија целосен пресврт на тој меч (1-2), со автоголот на Аугенталер Звезда се пласираше во финалето, а потоа стигна и до првата и единствена титула во Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...