Голот само утеха за Несторовски во поразот од Парма

Палермо го претрпе шестиот пораз сезонава, овој пат на гостувањето во Парма со конечен резултат од 3-2, во 33. коло од Серија Б. Домашната екипа оствари убедливи 3-0 за помалку од 50 минути игра, пред се благодарение на Емануеле Калаио кој постигна хет-трик, додека македонскиот репрезентативец Илија Несторовски за момент ја врати надешта на својот тим. Сепак, вториот погодок госите го постигнаа доцна, дефанзивецот Слободан Рајковиќ дури во 93. минути намали на 3-2, што не беше доволно да се стигне до драгоцен бод, за Палермо да ја продолжи низата на седум натпревари без пораз.

Нашиот втор репрезентативец во редовите на Палермо Александар Трајковски, овој пат остана на клупата откако Бруно Тедино се одлучи за други опции кои очигледно не допринесоа за евентуално реми. Палермо со овој пораз ја си направи дополнителни проблеми во трката за директен пласман во најелитното италијанско првенство за следната година.

Standings provided by Sofascore LiveScore


 

 

Се вчитува...