Головите на Илијоски и Мирчевски во ремито на Пелистер со Ботев… (видео)

Пелистер и по вторпат ремизираше на подготовките во Анталија, овој пат (2-2) со бугарскиот прволигаш Ботев Пловдив.

Омар Косоко го доведе Ботев Пловдив во водство уште во првата минута на овој натпревар. Токму пред погодокот на Бугарите, незгодно се повреди дефанзивецот на Пелистер, Мартин Ковачев.

Но, Пелистер возврати многу брзо. Во 14.минута, Тошевски беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник, а Баже Илијоски од пенал го израмни резултатот.

Во 65.минута, Ботев Пловдив повторно дојде во водство, откако Кристијан Добрев со силен удар под гредата ја затресе мрежата на македонскиот прволигаш. По осум минути, Пелистер повторно израмни, а стрелец на голот беше Мирчевски…

Се вчитува...