Сашо Голубовиќ во машка и Мартина Мироска во женска конкуренција ќе бидат двајцата македонски атлетичари кои ќе не претставуваат на Европското првенство во сала, кое од 3. до 5. март ќе се одржи во Белград, а на кое ќе учествуваат 600 натпреварувачи од 51 држава членки на ЕАА.
И двајцата се одбрани од Атлетската федерација на Македонија според постигнати резултати за 2017 година. Сашо Голубиќ- 1995 година, ќе настапи на 60 метри и Мартина Мироска-1998 година ,која треба да настапи во скок во далечина.
Пред нивното заминување за Белград се одржа и прес конференција во Агенцијата за млади и спорт, на кој покрај претседателот на Атлетска федерација на Македонија, Крсте Серафимовски зборуваше и директорот Марјан Спасески.
„Атлетиката во нашата земја е во континуиран развој, а Владата преку ресорните институции силно вложува и во делот на подобрување на спортската инфраструктура и овозможување услови за развојот на овој спорт. Покрај спортските сали, кои се градат на целата територија на државата, се изгради и најсовремена атлетска патека по сите светски стандарди на националната арена „Филип Втори Македонски“, на која во 2104 година се одржа и Европскиот куп во трчање на 10 км. Агенцијата за млади и спорт има одлична соработка и со Атлетската федерација на Македонија на која се поддржуваат најголемиот дел од спортските активности“ – истакна Спасески.
Македонскита атлетичари веруваат дека во Белград ќе се претстават во свое најдобро светло, најавувајќи атак на свои најдобри времиња и рекорди во дисциплините во кои ќе настапат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА