Целокупниот тим на Аталанта, како и европската фудбалска јавност, беше во шок откако при продолжението на минатата сезона беше објавено дека Јосип Иличиќ нема да може да настапува за тимот од Бергамо. Првичните информации за разочараност од неверство на сопругата беа експресно демантирани, но потоа од неколку страни беше потврдено дека словенечкиот репрезентативец пати од депресија поради страшните бројки од Covid-19 во Бергамо при првиот бран на коронавирусот.
Капитенот на Аталанта, Папу Гомез, во интервју за аргентинските медиуми беше прашан и за состојбата на својот соиграч, при што одговорот на „десетката“ на „сино-црните“ донесе позитивно расположение.
„Иличиќ имаше два проблеми, првиот беше што имаше коронавирус, и тоа не беше асимптоматичен. Откако ја победи болеста, тој се мачеше многу, падна во депресија. Во животот доаѓа време кога главата ќе ти експлодира од премногу лоши мисли, тоа му се случи и на Јосип. За среќа, сега се е во најдобар ред, тој веќе е вратен во нормала и сите сме среќни поради тоа, јасно е од колкаво значење е Иличиќ за нашиот клуб“, истакна Гомез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА