Гомис потпиша за Галатасарај

Францускиот интернационалец Бафетимби Гомис се пресели во Турција. Тој официјално беше член на премиерлигашот Свонси, но последната сезона ја одигра како позајмен играч во редовите на Олимпик Марсеј. Во наредниот период топј ќе го носи дресот на турскиот клуб Галатасарај.

„Среќен сум што доаѓам во голем клуб како Галатасарај. Ова за мене е нов предизвик, и се надевам дека ќе ја оправдам довербата“, изјави Гомис на промоцијата.

Бафетимби Мартинс минатата сезона постигна 20 гола на 31 натпревари за Олимпик Марсеј, а претходно беше дел од Свонси, каде не успеа да се наметне.

Се вчитува...