Горан Кузманоски го засилува Еурофарм Работник

Поранешниот македонски репрезентативец, Горан Кузманоски (36), до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Еурофарм Работник и ќе биде големо засилување за битолскиот тим во завршницата на сезоната во Суперл лигата.

Во изминатите седум години Кузманоски настапуваше за тимот на Одорхеи каде беше и помошник тренер, но изненадното згаснување на романскиот клуб, тој се врати во Македонија и сезоната ќе ја заврши во Еурофарм Работник. Искусниот бек кој и претходно соработуваше со тренерот Илија Темелковски во периодот кога играше за Тинекс Пролет, ќе биде од голема помош за битолскиот состав во ситуација кога надвор од теренот поради повреда е репрезентативецот Горан Крстески.

Еурофарм Работник моментно е на второто место на суперлигашката табела, зад водечкиот Пелистер. По елиминацијата во Челинџ купот, фокусот на битолскиот тим во пролетниот дел од сезоната ќе биде на настапот во плеј-офот во домашното првенсто и во завршницата на Купот на Македонија.

Се вчитува...