„Горан Пандев е македонскиот Јохан Кројф!“

Легендарниот холандски фудбалер, Рафаел ван дер Варт го спореди Горан Пандев со Јохан Кројф. Тој вели дека тоа што е Кројф за Холандија, Горан Пандев е за Македонија.

„Исклучително го почитувам Пандев, па тој е како Јохан Кројф за Македонија. Мислам дека направивме одличен гест, на одличен начин тој се прости од својата селекција. Атмосферата и мене ми предизвика емоции, малку фалеше да пуштам солзи. Прекрасно е кога големите играчи како Пандев се испраќаат на тој начин“, изјави Рафаел ван дер Варт.

Горан Пандев токму на „Јохан Кројф“ арената го одигра последниот 122. натпревар во дресот со националните бои и стави крај на 20 години успешна кариера за репрезентацијата на Македонија.

Се вчитува...