Горан Пандев: Жал ми е за оние кои не бодреа од трибините, мора да им се оддолжиме на следните дуели

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)

Капитенот на македонската репрезентацијата Горан Пандев коментирајќи го дебито на Македонија на европските првенства искажа разочараност веднаш по мечот што не успеавме да извлечеме позитивен резултат и покрај тоа што бевме блиску до него.

„Имавме можност за позитивен резултат, но не издржавме во последните минути од натпреварот. Како за првпат, за прв натпревар на ЕП, за нас ова е едно големо искуство. Одигравме одлични 70 минути. Австрија физички е многу посилна од нас, но одлично се државме се до оној несреќен втор гол. Примивме еден несреќен втор гол, па натпреварот беше решен“ – истакна по мечот Пандев, притоа дополнувајќи:

„Но, не смее да има разочарување. Шансите не се загубени, треба добро да се одмориме. Не чека уште еден тежок натпревар против Украина, на кој мора да играме отворено и да одиме на победа затоа што нема што да загубиме. Искрено, многу ми е жал за луѓето кои дојдоа тука и за онаа прекрасна поддршка од трибините, им благодарам од срце. Ние го дадовме максимумот, се надевам дека на следните натпревари ќе бидеме уште подобри“.

Се вчитува...