Горазд Михајлов ќе го води Борец, Димков од Вардар ново засилување

Поранешниот тренер на Пелистер и Тетекс, Горазд Михајлов ќе го води Борец од Велес во новата второлигашка сезона.

Потрагата по нов стратег, велешани на крајот ја решија во името на Михајлов кој денеска ќе го има претставувањето и првиот тренинг во новиот тим. Помошник на Михајлов ќе му биде Ане Темелков кој и досега ги водеше подготовките на тимот.

Ново засилување за Борец ќе биде и Виктор Димков кој доаѓа од младинскиот состав на Вардар, а за наредниот период се планираат уште неколку искусни засилувања.

Дел од подготовките, од 23. до 30 јули Борец ќе ги мине во Пехчево за каде се закажани и три пријателски натпревари против Кит-Го, Каменица Саса и Тиквеш.

Се вчитува...