Горазд Ристески со извонреден успех на картинг-шампионатот во Бугарија (ФОТО)

Еден од најдобрите млади македонски картинг-возачи, Горазд Ристески забележа извонреден успех на последната трка од бугарскиот шампионат во класата МИНИ во Ќустендил, освојувајќи го второто место.

Со оглед на тоа што првпат оваа година настапува на силното натпреварувањето во Бугарија, иако со само девет години, Ристески одлично се соочи со предизвикот на патеката во Ќустендил забележувајќи пласман кој носи дополнителен мотив за уште поголеми успеси во иднина.

Оваа година шампионатот во Бугарија го заврши на четвртото место во генералниот пласман, но само поради фактот дека не учествуваше на две трки од првенството во Романија и во Враца.

Се вчитува...