Горазд Србљак на победа од пласман на ИТФ фјучерсот во Анталија

Македонскиот тенисер Горазд Србљак e на победа од пласман на ИТФ фјучрсот во Анталија откако во второто квалификациско коло забележа победа над Војчех Мареш од Чешка со 2-0.

Србљак првиот сет го доби со 6-4, а вториот со 6-3 со што закажа финален меч во квалификациите со Фернандо Каваљо.

Осумнаесетгодишниот Аргентинец во денешниот меч во три сета го победи првиот носител од квалификациите Ерик Арутиуниан.

Се вчитува...