Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа без проблеми се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот кој се игра во словенечкиот Оточец.
Тетовчанката на фјучрсот вреден 40.000 американски долари во осминафиналето беше подобра од Романката, Лавинија Танасе со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-2.
Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против првата носителка на турнирот, Романката Ирина Марија Бара која во кариерата има настапи и на гранд-слем турнирите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА