Ѓорческа експресно до четвртфинале во Србија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на импресивен начин се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во српска Куршумлијска бања.

Тетовчанката на турнирот вреден 25.000 американски долари во осминафиналето со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-3 славеше над чешката тенисерка Жули Струплова.

Во четвртфиналето Ѓорческа за противничка ќе ја има швеѓанката Кајса Риналдо Персон која во моментов се наоѓа на 374. позиција на ВТА листата.

Се вчитува...