Ѓорческа елиминирана и во двојки во Словенија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по елиминацијата во синг конкуренција на турнирот во Оточец, Словенија, го заврши настапот и во игра на двојки.

Ѓорческа и нејзината партнерка Деа Херџелаш беа поразени од Мариана Дражиќ и Емили Вебли-Смит со 3-6, 6-4 и 10-8.

И покрај елиминацијата во сингл конкуренција Ѓорческа од понеделник се очекува да има нов напред на ВТА листата.

Се вчитува...