Ѓорческа ја доби противничката во 1. коло од квалификациите на Вимблдон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре ја започнува својата мисија во квалификациите за престижниот грен-слем турнир Вимблдон, каде во првото коло ќе ги одмери силите против Шпанката Анхела Фита Болуда.

Ждрепката одреди македонскиот рекет да се соочи со тенисерка која во моментов се наоѓа на 213. позиција на ВТА-листата, што е за десет места подобро од пласманот на Ѓорческа. Болуда зад себе има солидна сезона во која одигра четири финалиња и успеа да освои еден трофеј, а нејзиниот најдобар кариерен ранг е 190. место.

Натпреварот е закажан за утре со почеток од 12 часот. Победничката од овој дуел во следната фаза ќе игра со подобрата од пресметката помеѓу Далма Галфи и Франциска Хорхе.

Се вчитува...