Ѓорческа се пласираше во финале на турнирот во Куршумлиска Бања

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, се пласираше во финалето на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија, со денешната победа над Кристина Дину од Романија со 2-0 во сетови.

Ѓорческа почна во грч и првиот сет го доби со 6-4, меѓутоа во вториот беше супериорна и успеа да го добие со 6-2, и така да се пласира во финалето.

За пехарот на овој турнир, Ѓорческа ќе се бори против Јулиа Авдеева од Русија. Македонската тенисерка важи за фаворит за освојување на турнирот.

Се вчитува...