Ѓорческа со победа стартуваше на Источно-европскиот шампионат во Србија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа стартуваше на Источно-европскиот шампионат кој се одржува во Белград, Србија.

Во првата рунда натпревари на шампионатот, Ѓорческа убедливо славеше против Маријана Дражиќ (819.место на ВТА листата) од Хрватска. Македонската тенисерка триумфираше во два сета со 6-1,6-0.Во следното коло Лина Ѓорческа треба да се соочи со Србинката Тијана Сретеновиќ.

Според системот на натпреварување, во прелиминарниот дел од турнирот, тенисрките во групната фаза ќе играат сите меѓу себе, а најдобрите две од секоја конкуренција во следната седмица ќе финален турнир.

Се вчитува...