Лина Ѓорческа импресивно го стартуваше настапот на фјучерс-турнирот во Сплит каде македонската тенисерка без проблеми ја мина првата пречка.
Лина денеска од другата страна на мрежата ја имаше Германката Настасија Шунк (611. место на ВТА листата), дуел што нашата тенисерка рутински го доби со 6-2, 6-3 во два сета. Ѓорческа супериорно го отвори мечот, поведе со 5-0 во првиот сет и си го трасираше патот до овој рутински триумф.
Следна противничка на Македонката ќе биде Вероника Ерјавец од Словенија, петтата носителка на турнирот во Сплит што се игра за награден фонд од 60.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА