Ѓорческа со убедлива победа ја почна втората фаза на Источно-европското првенство

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа стартуваше во втората фаза од Источно-европскиот шампионат кој во моментов се одржува во Белград, Србија.

Ѓорческа триумфираше против Србинката, Доротеја Јоксовиќ убедливо во два сета со 6-0, 6-4.

Во првата фаза од турнирот во Белград, најдобрата македонска тенисерка запиша три победи и еден пораз.

Се вчитува...