Ѓорческа тргна со победа во Рим

Лина Ѓорческа успешно стаартуваше со својот настап на челинџ-турнирот што се игра во Рим за награден фонд од 25.000 долари, откако славеше со 2-1 на мечот со Илона Кремен од Белорусија.

Македонката, која е втора носителка на турнирот, беше непријатно изненадена на стартот, па Кремен го доби првиот сет со 3-6. Ѓорческа експресно влезе во ритам, го доби вториот сет со 6-2, а потоа фуриозно стартуваше и во третиот сет, поведувајќи со 5-0. Белоруската тенисерка успеа само да намали на 5-2 но Ѓорческа одговори со нов брејк за победа од 2-1 во сетови и пласман во осминафиналето.

Во следната рунда најдобрата македонска тенисерка ќе се сретне со квалификантката Дука од Романија, која денеска славеше над Украинката Јастремска со 2-1 во сетови.

Се вчитува...