Ѓорческа во 2. квалификациско коло на 250.000 долари вредниот ВТА турнир во Бил

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во 2. квалификациско коло на ВТА турнирот вреден 250.000 долари во Бил, Швајцарија.

Во првата рунда од квалификациите Ѓорческа ја победи со 6-2,3-6,6-2 Украинката Олга Савчук. Па, во второто коло кое е денеска на програмата ќе се сретне со Диана Марцинкевич од Летонија.

Со пласманот во втората рунда квалификации на силниот турнир во Бил, Лина Ѓорческа веќе освои нови 10 ВТА поени.

Се вчитува...