Ѓорческа во полуфиналето во двојки во Словенија

По одличниот настап во сингл конкуренција најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучрсот во словенечки Оточец.

Тетовчанката заедно со нејзината партнерка, Деа Херделаш во четвртфиналето беа подобри од романскиот пар Далина Илинка Амарлеи и Кристина Дину со 2-1, по сетови 7-6, 2-6 и 10-5.

Во полуфиналето Ѓорческа и нејзината партнерка ќе се сретнат со хрватско/британската двојка Емили Вебли-Смит и Мариана Дражиќ.

Се вчитува...