Ѓорческа загуби во 2. коло на турнирот во Сплит

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа загуби во 2. коло на ВТА челинџерот во Сплит, Хрватска.

Ѓорческа во два сета, со 2-6 и 1-6 беше поразена од петтата носителка Вероника Ерјавец од Словенија, завршувајќи ги настапите во Сплит.

Турнирот во Сплит се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Се вчитува...