Ѓоре Јовановски: Го прифатив предизвикот наречен Беласица

Ѓоре Јовановски денеска ги стартуваше подготовките со струмичкиот прволигаш Беласица. Тој седна на кормилото на тимот кој по есенскиот дел се наоѓа на последната позиција на првенствената табела. Како што вели искусниот стратег главна цел на тимот во вториот дел од сезоната е обезбедување на опстанок во елитното домашно натпреварување.

„Главна цел на нашиот тим е опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Имаме релативно млад тим кој има потенцијал. Разгледуваме уште неколку опции за засилување. Потребни ни се поискусни фудбалери бидејќи нашиот тим е релативно млад. Нашите подготовки ќе ги спроведеме во Струмица, а ќе играме пријателски со неколку тима меѓу кои се и Тиквеш и Брегалница. Очекувам добри резултати во вториот дел од сезоната и обезбедување опстанок“, изјави за ЕКИПА, Ѓоре Јовановски. 

Беласица пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ го почнува на 14. февруари со гостувањето кај Ренова.

Се вчитува...