Стратегот на Работнички, Ѓоре Јовановски очекувано разочаран по убедливиот пораз од Хонвед во Будимпешта и елиминацијата на „романтичарите“ во првото коло од квалификациите за Лигата на Европа.
Јовановски нагласи дека елиминацијата следела благодарение на подарените погодоци за противникот во раната фаза од натпреварот…
„Му честитам ан Хонвед за победата и пласманот понатаму во Европа. Двата почетни погодоци беа подарени за противникот, по наши грешки, потоа следеше пенал и црвен картон и тоа беше крај на мечот. Хонвед во секој случај беше подобар, иако победата е преубедлива во однос на играта. Посакувам успешни следни настапи на европската сцена“ – рече Јовановски на прес-конференцијата по натпреварот во Будимпешта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА