Ѓоре Јовановски: Огромен триумф над Вардар, но и Шкупи ни е огромен предизвик

Работнички го доби дербито против Вардар со 0-1 и се зацврсти на четвртата позиција на табелата со 41 бод, а веќе гледа и кон третото место на Силекс. Тренерот Ѓоре Јовановски истакнува дека честитките одат на адреса на фудбалерите кои одиграа одличен меч, а триумфот и бодовите освоени против Вардар се огромни. Но, и нема време за радост, затоа што веќе в недела следи нов голем предизвик, дуелот против Шкупи, кој е еден од директните ривали во битката за излез на европска сцена.

„Сакам да упатам честитки за фудбалерите, навистина не е мала работа да се победи Вардар. Освоивме многу важни бодови, можам да кажам дека се од огромно значење, но и немаме многу време да се радуваме, затоа што првенството се игра во забрзан ритам. Веќе в недела не очекува нов огромен предизвик, дуелот против Шкупи. Знаеме дека тоа е тим кон ни е еден од конкурентите за излез на европска сцена, и затоа мора да останеме фокусирани максимално и добро да се подготвиме за наредното искушение“, изјави шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски, за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...