Ѓоре Јовановски: Во Будимпешта ќе мора да постигнеме гол

Шефот на стручниот штаб на Работнички, Ѓоре Јовановски е свесен дека реваншот на 17. јули во Будимпешта ќе одлучува кој ќе го продолжи европското лето во квалификациите за Лигата на Европа.

„Романтичарите“ извојуваа сосема заслужена победа, но скопските 2-1 не гарантираат сигурен пласман во 2. квалификациско коло за ЛЕ.

„Секоја победа во Европа е важна. Имаме триумф од 2-1 и одиме на реваншот со подеднакви шанси за пласман во следната рунда. Хонвед покажа дека е квалитетен тим, па сосема јасно не очекува уште еден тежок меч во Унгарија. Во Будимпешта одиме да постигнеме гол кој секако многу би ни ја олеснил задачата за пласман во следната рунда европски натпревари“ – рече по мечот Јовановски.

Се вчитува...