„Гореа“ трибините во „Медисон сквер гарден“ – Њујорк повторно го победи Кливленд (ВИДЕО)

Њујорк Никс го победија Кливленд со 109-93 во вториот натпревар од финалето на Истокот.

Во првиот натпревар имаше многу драма, а Џејлен Брансон беше херој по продолжението, за да сега, во вториот натпревар, Никс лесно ги победија Кавси со двоцифрена разлика.

Момците од Охајо се држеа во првото полувреме. Никс водеа со 53-49 на полувремето, а Кливленд се надеваше дека ќе можат да направат нешто и да ја свртат ситуацијата во своја корист.

Сепак, со одлично второ полувреме Њујорк дојде до победа од 109-93, за вистинска фешта на трибините во Медисон Сквер Гарден.

Најефикасен беше Џош Харт кој постигна 26 поени со 4 скока и 7 асистенции, додека Џејлен Брансон имаше 19 поени и 14 асистенции. Микал Бриџис исто така имаше 19, а Карл Ентони Таунс имаше дабл-дабл од 18 поени и 13 скока, а Оу Џи Ануноби имаше 14 поени.

Кај Кливленд, Донован Мичел постигна 26 поени, Џејмс Харден имаше 18 поени и 6 скока, Еван Мобли имаше 14 поени и 6 скока, а Џарет Ален беше двоцифрен со 13 поени и 10 скока.

Се вчитува...