Горецка: Медиумите се виновни за ситуацијата во Баерн

Играчите на Баерн Минхен барем делумно ги стишија критиките од јавноста, со оглед дека по вчерашната победа над Херта, „Баварците“ се вратија на чело на табелата. После неуспешните настапи и испаѓањето од Купот и од Лигата на шампионите, Баерн барем сега се најде во пол-позиција за одбрана на титулата.

Поради големиот пад, сменет беше Јулијан Нагелсман, а беше донесен Томас Тухел кој наиде на многу критики после неуспесите.

Еден од најдобрите играчи на Баерн, Леон Горецка зборуваше за медиумскиот притисок на кој биле играчите на германскиот првак.

„Околу Баерн е премногу бука. Играчите на овој клуб се уништени од медиумите. Сите знаеме дека тоа е дел од работата кога си дел од овој тим. Затоа што во медиумите претеруваат со критиките на сметка на поединци“, изјави Горецка.

Се вчитува...