Ѓорѓев стрелец, Грасхоперс со „петарда“ за Виндау во купот на Швајцарија

Македонскиот интернационалец, Никола Ѓорѓев продолжува со добрите партии во дресот на Грасхоперс и во новата сезона. Ѓорѓев беше стрелец за својот тим во убедливиот триумф над Виндау од 5-0 во првото коло од швајцарскиот куп.

Ѓорѓев го постигна третиот гол за својата екипа во 56. минута.

Ѓорѓев минатата сезона беше еден од главните виновници за враќањето на великанот во елитното друштво во Швајцарија, каде во новата сезона по три одигра натпревари имаат скор од една победа, едно реми и еден пораз.

Се вчитува...