Ѓорѓевиќ го објави конечниот список: Калиниќ и Недовиќ во „аут“

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ го објави конечниот список на репрезентативци кои ќе настапат на Евробаскет 2017. До последно се чекаше за Никола Калиниќ и Немања недовиќ, кои на крајот поради повредите нема да бидат во можност да помогнат на тимот да ги оствари своите цели.

На списокот се: Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Богдан Богдановиќ, Бранко Лазиќ, Марко Гудуриќ, Драган Милосавлјевиќ, Владимир Лучиќ, Милан Мачван, Стефан Бирчевиќ, Огњен Кузмиќ, Владимир Штимац и Бобан Марјановиќ.

„Никола утрово ја направи последната контрола, воспалението на нервите поради кои има проблеми со грбот, го спречуваат да одговори на обврските на едно вакво големо натпреварување, додека со Недовиќ се уште не сме стапиле во контакт. На евробаскетот ги носам најдобрите 12 кошаркари кои се достапни за тимот, очекувам да ги извршуваат обврските како и секој друг кој би се нашол на нивно место, бидејќи не’ oчекуваат доста тешки натпревари“, изјави Ѓорѓевиќ.

Се вчитува...