Ѓорѓевиќ избриша две евролигашки „ѕвезди“ од списокот на Србија

Српскиот селектор Александар Ѓорѓевиќ денеска го објави списокот од 18 кошаркари кои ќе бидат дел од подготовките за СП 2019 и ќе се борат за место на Мундијалот во Кина. Изненадувачки, на овој список не се најдоа двајца врвни евролигашки кошаркари, и тоа Никола Калиниќ од Фенербахче и Немања Недовиќ од Милано, кои дефинитивно нема да бидат дел од овој светски шампионат.

На списокот на српскиот кормилар се најдоа следните 18 кошаркари: Милош Теодосиќ, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Алекса Аврамовиќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Драган Милосављевиќ, Марко Симоновиќ, Дејан Тодоровиќ, Владимир Лучиќ, Немања Бјелица, Милан Мачван, Стефан Бирчевиќ, Никола Јокиќ, Мирослав Радуљица, Никола Милутинов, Бобан Марјановиќ, Огњен Кузмиќ.

Според српските медиуми, најголеми шанси да бидат „отпишани“ имаат Мачван и Кузмиќ, кои подолго време се мачат со незгодни повреди и се наоѓаат надвор од натпреварувачки ритам.

„Орлите“ првиот натпревар од СП 2019 го играат на 31 август против селекцијата на Ангола.

Се вчитува...