Ѓорѓевиќ: На некого ФИБА му е мајка, на некого маќеа

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ удри по светската кошаркарска федерација бидејќи Србија мораше да патува илјада километри пред натпреварот против Порторико, а некои други репрезентации имаат подобри услови од нив.

„Мислам дека играњето во четири града е доста напорно. Има репрезентации кои имаат подобри услови од нас. На некого ФИБА му е мајка, на некого маќеа“, изјави Ѓорѓевиќ. 

И покрај проблемите Србите убедливо ја почнаа втората фаза на шампионатот, декласирајќи го Порторико со 90-47.

Се вчитува...