Ѓорѓевиќ потврди: Си одам од клупата на Србија

Александар Ѓорѓевиќ ја напушта клупата на српската репрезентација, потврди самиот стратег на прес-конференцијата по мечот со Чешка, на кој неговиот национален тим стигна до петтото место на СП 2019.

„Точно е, заминувам. Нема врска со резултатот на овој мундијал, одлуката ја донесов уште пред да заминеме за Кина. Сакам животот да ми тече во поинаков правец, летата да ги минувам повеќе со семејството. Штета, сакав крајот да биде со поинаков резултат, но работите не се случуваат секогаш како што посакуваме. Секој тренер чувствува кога доаѓа времето за разделба, верувам дека ова е вистинска одлука за сите“ – изјави Ѓорѓевиќ.

Главен фаворит за негов наследник е поранешниот селектор на Словенија, Игор Кокошков.

Се вчитува...