Македонскиот стратег Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на спрскиот прволигаш Земун,објавија српските медиуми. Мојсов доаѓа на местото на Милан Куљиќ кој доби отказ по осум кола бидејќи екипата има само еден освоен бод и гол-разлика 3:16.
Мојсов (41 година) во српскиот фудбал доаѓа по неколкугодишна работа во Македонија, најголем дел помина во редовите на Тиквеш. Во Тиквеш пристигна во јули 2021 година како помошник на Влатко Костов и Пане Блажевски, а во септември 2022 година ја презеде улогата на прв тренер.
На клупата на Тиквеш остана до крајот на октомври минатата година, го водеше тимот на 104 официјални натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
