Ѓорѓи Цветковски е нов кошаркар на ТФТ Скопје

Кошаркарски клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на тимот за сезоната 2026/27 со уште едно големо засилување и инвестиција во македонската кошаркарска иднина.

Нов кошаркар на ТФТ Скопје е Ѓорѓи Цветковски.

„Со само 18 години, Цветковски веќе покажа дека е еден од најголемите македонски таленти. На Европското првенство до 18 години бележеше одлични 17.3 поени во просек, со извонредни 45% реализација за три поени, со што се најде како втор најдобар стрелец на првенството и беше меѓу кандидатите за МВП признанието. На Ф4 турнирот до 18 години во македонската лига, за екипата на Вибас од Скопје, во полуфиналето постигна 30 поени, додека во големото финале против екипата на Вардар, во директен дуел со нашиот нов играч Григориј Ѓорѓевиќ, блесна со неверојатни 39 поени и 11 скока, за индекс на успешност 41“ – информираат од ТФТ.

Со потписот на Цветковски, ТФТ практично го обединува бековскиот тандем на македонската репрезентација до 18 години, дополнително потврдувајќи ја својата стратегија – инвестиција во младите, развој на македонските таленти и градење на иднината на клубот.

Се вчитува...