Ѓорѓиев: Честитки за Никола, го чекаме на реванш во Скопје

Најдобриот македонски кик-боксер Димитар Ѓорѓиев загуби од Никола Дробњак во борбата за Европска титула во ВАКО до 81,4 килограми на настанот кој се случи во Зворник, Босна и Херцеговина.

По борбата нашиот кик-боксер изјави дека ова беше одличен меч и го чека неговиот противник на реванш во Скопје.

„Беше одлична борба. Мило ми е што дојдов тука во Зворник. Поздрав до сите што ме поддржуваат. Честитки до Никола за европската титула и го чекаме на реванш во Скопје“, вели Ѓорѓиев. 

Слично размислува и неговиот тренер Дејан Митровски – Урко…

„Одлична организација одлична борба и чекаме реванш во Македонија“, изјави Митровски. 

Се вчитува...